МАЛОЛЕТНИЧКА БАНДА БЕСНЕЕЛА НИЗ ПРИЛЕП Тепале и ограбувале возрасни и деца
Повикани се на службен разговор и по целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира МВР.
Полициски службеници од ОВР Прилеп денеска повикале на информативен разговор петмина малолетници од Прилеп. Тие се сомничат дека на 24. декември 2023 година, околу 01.00 часот во централното градско подрачје во Прилеп физички го нападнале Д.Д.(46) од Прилеп и му одзеле чанта со повеќе лични документи и предмети. Предметите се пронајдени и вратени на оштетениот.
Исто така, тие се сомничат дека на 28. декември 2023 година, околу 21.00 часот во централното градско подрачје во Прилеп физички го нападнале К.С.(19) и малолетник, а истиот ден на ул. Борка Талески физички го нападнале и М.Т. (58), сите од Прилеп.
По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира МВР.