МАЛО НЕВНИМАНИЕ И МУ ЈА СНЕМАЛО КОЛАТА Крадецот само стартувал
Скопјанецот го оставил возилото со клучеви во бравата, пред угостителски објект во Скопје Север, а неговото невнимание било искористено и возилото му било одземено.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека со брза интервенција на полицијата, денеска во Бутел е пронајдено патничко возило „ауди“, сопственост на Р.Ф., кој околу 15 часот во Полициска станица Чаир пријавил дека му било одземено.
Тој го оставил возилото со клучеви во бравата, пред угостителски објект во Скопје Север, а неговото невнимание било искористено и возилото му било одземено.
По добиената пријава, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Чаир веднаш излегле на терен и по преземени мерки и активности го пронашле возилото паркирано на улицата Гвадалахара.
По извршениот увид одземеното возило ќе биде вратено на сопственикот, информираат од МВР.