📽 МАЛКУ СЕ ЗАТРЕСЕ, ИЗГЛЕДА БЕШЕ ТОПЛОТЕН УДАР Ѓоковиќ „се свари“ дури да го победи Алкараз во Синсинати

Ѓоковиќ на крајот успеа да ја освои 39. Мастерс титула во кариерата, што никому не му успеало, а покажа дека е во вистинска форма и пред претстојниот Ју Ес Опен, кој е закажан од 28 август до 10 септември.

1,362

Видеоснимка од мечот на тенискиот ас Новак Ѓоковиќ против Карлос Алкараз во Синсинати покажува како Ѓоковиќ при тајмаутот се тресеше, побара да се пресоблече, а му донесоа и крпа со лед. На крајот, во изненадувачки кам-бек, по четири часа варење Ѓоковиќ го доби финалето со 5:7, 7:6(7), 7:6(4).

Грег Руседски, познатиот тенисер, сепак, остана без зборови од она што го виде потоа.






– Ова е најдобриот кам-бек на Новак досега. Не го видов Ѓоковиќ како се врти по еден сет негатива и брејк. Тој страдаше од топлотен удар. Каков шампион и каков настап. Како успеа ова да го сврти – рече Руседски.

Ѓоковиќ на крајот успеа да ја освои 39. Мастерс титула во кариерата, што никому не му успеало, а покажа дека е во вистинска форма и пред претстојниот Ју Ес Опен, кој е закажан од 28 август до 10 септември.

На овој начин Новак го обезбеди првото место во светот под услов да слави победа во првото коло на Ју Ес Опен.

 

Поврзани содржини