Малите Кинези тргнаа во училиште, погледнете што носат на глава за да држат растојание од 1 метар ВИДЕО

3,939

Учениците на истокот на Кина носат капи широки еден метар за да одржуваат сигурна оддалеченост од другите во текот на пандемијата на коронавирусот.

На видеото снимено во основното училиште „Јангценг“, во градот Хангжу, во провинцијата Жејианг, на 26 април, учениците се видени како носат хартиени капи од еден метар на главата и маски за лице.






Според зборовите на директорот на училиштето Хонг Фенк, наставниците барале од учениците да направат капи и да ги носат за да одржат еден метар оддалеченост едни од други откако училиштето повторно се отвори за настава.

Овие капи со две крила се слични на оние кои ги носеле владините службеници во текот на династијата Сунг. Легендата вели дека царот Таизу, основач на династијата, смислил план како во текот на утринските состаноци да ги спречи министрите да шепкаат нешто против него.

Челниците на училиштето одлучиле да ги поттикнат учениците да смислат сопствени капи во стилот на оние од династијата Сунг за да ги научат на важноста од социјалното дистанцирање.

Оригиналните капи некогаш биле изработувани од бамбус и метал, но учениците сега користеле секаков вид на материјали, вклучувајќи балони, картонски цевки и дрвени стапови.

– Ова навистина беше наша иновација. Ние се залагаме учениците да носат капа од еден метар и да го одржуваат пропишаното растојание – рекол Хонг Фенг.

 

ФОТО: Јутјуб

Поврзани содржини