🎥 МАЛИ МАТУРАНТИ ВО ЦРНА ГОРА ЗАПАЛИЈА УЧИЛИШТЕ! Прославата со факели заврши со голем пожар

Мали матуранти од основното училиште „Владо Милиќ“ во Доња Горица во Црна Гора, го запалиле кровот на таа образовна институција за време на церемонијата со палење на факели по повод крајот на учебната година и завршувањето на основното образование.

849

Ученици од завршните класови во прославувањето крајот на учебната година и завршувањето на основното образование во местото Доња Горица во Црна Гора, го запалиле училиштето.

Мали матуранти од основното училиште „Владо Милиќ“ во Доња Горица, Црна Гора, го запалиле кровот на таа образовна институција за време на церемонијата со палење на факели по повод крајот на учебната година, потврди за „Вијеста“ директорката Ивана Милиќ.






Директорката на училиштето за црногорските медиуми информираше дека во инцидентот нема повредени, а на терен се пожарникари и полиција.

На видеата што кружат на социјалните мрежи, може да се види дека пожарот зафатил дел од покривот на училиштето. Според директорката, штетата ќе се утврдува. Над училиштето сега се издига густ црн чад, а пожарот е речиси локализиран.

– Сите ученици од деветто одделение учествуваа на прославата со факели – рече Милиќ.

„Пожарот зафатил дел од покривот и површина од 40 до 50 метри квадратни, соопштија од противпожарната служба.

Штетите во училиштето се големи со оглед на тоа што водата што се користи за гаснење на пожарот може да ги оштети и другите училници.

Поврзани содржини