МАЛЕСКИ ОЧЕКУВА АМЕРИКАНСКИ САНКЦИИ ЗА СИЉАНОВСКА ДАВКОВА Претседателката ѝ објави војна на Грција, тврди тој

„Во обид да не бидеме однесени од бранот на популистичкиот национализам, канцеларијата на американскиот претседател издаде наредба за санкции против оние кои работат против Преспанскиот договор, заедно со Охридскиот и оној со Бугарија. Значи ли тоа санкции за претседателката и за владата на Македонија?“, пишува поранешниот министер за надворешни работи.

1,988

„Во моментот кога повторувајќи ги зборовите на заклетвата кажани од претседателот на собранието одби да го употреби новото уставно име на државата, таа (Гордана Сиљановска Давкова), така да се изразам, ѝ објави војна на Грција“.

Ова за порталот Либертас го пишува професорот Денко Малески, прв министер за надворешни работи на Република Македонија.






„Следи грчка реакција, која, како и секогаш, најдиректно граѓаните ќе ја почувствуваат на граничните премини, а владата во влошените меѓудржавни односи со Грција“, прогнозира Малески.

Сега имаме „два фронта на кои ќе го браниме нашето достоинство, бугарскиот и грчкиот“, коментира професорот и додава:

„Конфронтација со две држави членки на ЕУ, ќе ја фрли нашата држава без излез на море, со комплексна етничка структура и со сиромашна економија, во крајно неповолна положба. Не може да се очекува поддршка и од оние кои вршеа притисок врз двете страни да го потпишат Преспанскиот договор, имено Америка, но и од Европа и од ОН. Напротив. Во обид да не бидеме однесени од бранот на популистичкиот национализам, канцеларијата на американскиот претседател издаде наредба за санкции против оние кои работат против Преспанскиот договор, заедно со Охридскиот и оној со Бугарија. Значи ли тоа санкции за претседателката и за владата на Македонија?“

Поврзани содржини