МАЛА РИБА, СИЛЕН ВКУС Зошто треба почесто да јадете инчуни?

Само неколку инчуни се доволни за да им додадете вкус на сосовите, салатите, сендвичите, тестенините или пицата, а исто така носат и бројни здравствени придобивки во форма на есенцијални масни киселини, протеини и други хранливи материи.

175

Мала риба, голем вкус. Со овие зборови би можеле да ги опишеме инчуните кои е секогаш практично да ги имате во својата кујна. Тие се толку интензивни што можат речиси веднаш да ја подигнат секоја храна во која ќе се додадат – било да се тоа пици, сендвичи, сосови за тестенини или салати. Сепак, не го делат сите истото мислење, главно поради силниот, интензивен и остар вкус, што за многумина ги прави непривлечни.
Но тоа е вистинска штета, бидејќи овие мали сребрени рипчиња доаѓаат со мноштво здравствени придобивки кои го вклучуваат нивниот потенцијал да го намалат ризикот од кардиоваскуларни проблеми и да го одржат здравјето на срцето, коските и забите, како и да помогнат во губење на тежината, меѓу другото. Тие исто така можат да бидат богати со омега-3 масни киселини, протеини и разни хранливи материи, што ги прави многу корисни за здравјето.
Токму затоа, без разлика дали се вашиот прв избор или не, препорачливо е да ги вклучите во исхраната, но како и сè друго – умерено, бидејќи можат да имаат потенцијални несакани ефекти доколку претерате. Проверете неколку причини зошто треба почесто да јадете инчуни, како и кои се нивните недостатоци.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини