МАЛ КОНДОМ ЗА МИКРОФОН Интересна тактика на ОН против ширење на коронавирусот
Од Белата куќа во текот на седницата на ОН соопштиле дека врз основа на протоколите поради ковид епидемијата, подиумот се чисти после секој говорник, а главата на микрофонот се менува.
На Генералното собрание на Обединетите нации, секој говорник, добива нова глава на микрофон за да се спречи можноста од ширење на коронавирусот. Тој детал заедно со малата „наметка“ која персоналот ја ставал со доаѓањето на секој говорник, не остана незабележано од страна на твитерџиите.
– Новина во време на корона, мал кондом за микрофон, пишува корисничка на Твитер која приложила и фотографија со заштитата за микрофонот.
We’re prepared to return to full compliance to JCPOA if Iran does then same – @POTUS at #UNGA
— Patsy Widakuswara (@pwidakuswara) September 21, 2021
Од Белата куќа во текот на седницата на ОН соопштиле дека врз основа на протоколите поради ковид епидемијата, подиумот се чисти после секој говорник, а главата на микрофонот се менува.
По говорот на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој не е вакциниран, персоналот ставил нова глава на микрофонот кој имал наметка многу слична на кондом. Потоа Белата куќа се огласи и наведе дека микрофоните се менуваат после секој говорник, без оглед дали тој е вакциниран или не.