МАКСО СЛАВИ ВО КУМАНОВО „Леле луѓе што направивме“! (ВИДЕО)
Пред малку тој на својот Фејсбук профил се вклучи во живо од изборниот штаб. „Готови се!“, присутните заедно со него го извикуваа неговото име.
Максим Димитриевски, независниот кандидат за градоначалник на Куманово, прогласи победа во вториот круг од локалните избори.
Пред малку тој на својот Фејсбук профил се вклучи во живо од изборниот штаб.
„Леле луѓе што направивме!“, „Готови се!“, тој заедно со присутните прославуваше во Куманово, а во позадина присутните го лизвикуваа неговото име.
Според досегашните податоци од ДИК, Димитриевски има водство во вториот круг со 52,23 пред кандидатот на СДСМ, Оливер Илиевски кој има 45,27 проценти обработени податоци.