Максо не му ракоплескаше на Филипче во Куманово, не заслужил

На оваа трибина вечерва присуствуваше и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Но,  Димитриевски не му ракоплескаше на претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ и министерот Филипче.

6,789

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски и премиер, вечерва се обрати во Куманово, заедно со претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ и министер за здравство, Венко Филипче и кандидатот за пратеник од ИЕ 2 и претседател на ОО на СДСМ Куманово, Мартин Костовски, на завршната граѓанска трибина пред предизборниот молк, кој почнува на полнок.

Спасовски, Филипче и Костовски од трибината порачаа:  „Ова е опција за сигурност, од ВМРО-ДПМНЕ блокираа пари и за здравството, тие се опасност, сите на гласање на 15 јули, заокружуваме 3“.

 






На оваа трибина вечерва присуствуваше и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Но,  Димитриевски не му ракоплескаше на претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ и министерот Филипче, кој во Куманово, меѓу другото, изјави:

– Ја зајакнавме експертизата на лекарите, се случи и првата трансплантација на срце, спасен е живот. Над 100.000 денари примаат плата лекари специјалисти. За над 20 проценти ги качивме платите на медицинските сестри. Не постои млад лекар без работа. Никој повеќе не сака да замине во Германија, тука сакаат да живеат, со своите деца, каде што им живееле претците. Знам дека ќе ги отфрлите цинизмот и песимизмот и ќе заокружите 3 за тимот на претседателот Заев кој ги реши најголемите прашања и за премиерот и носител на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски кој херојски се справи и во социјалата и во здравствто и во економијата –  рече Филипче.

Кон крајот на април, градоначалникот Димитриевски, кој една недела откако обелодени дека е позитивен, по што повеќе државни функционери, меѓу кои и Спасовски, Филипче, но и новинари и сниматели, беа ставени во изолација и тестирани на ковид-19, бидејќи со Димитриевски присуствувале на состанокот на Кризниот штаб, најновиот статус на градскиот татко во Куманово беше – негативен.

Димитриевски  објави дека се тестирал и во неколку приватни лаборатории и сите три теста се негативни.

Претходно, кумановскиот градоначалник на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирусот.

 

Поврзани содржини