„МАКСИМУМ ЗА МАКЕДОНИЈА“ Кампањата на ЗНАМ започнува утре во Крушево

Презентацијата на програмата, под наслов МАНИФЕСТ ЗА МАКЕДОНИЈА ќе се одржи пред споменикот МАКЕДОНИУМ со почеток во 13 часот. Програмата на претседателскиот кандидат на Движење ЗНАМ за наша Македонија - Манифест за Макединија ќе опфаќа пет начела и пет приориритети во првите 200 дена, соопшти партијата на Максим Димитриевски.

257

Денеска во просториите на Движење ЗНАМ-За наша Македонија, кандидатот за претседател Максим Димитриевски одржа брифинг со новинарите и ја информираше јавноста дека кампањата за Претседател ја почнува утре, од Крушево, град симбол на македонската државност, соопшти партијата.

„Презентацијата на програмата, под наслов МАНИФЕСТ ЗА МАКЕДОНИЈА ќе се одржи пред споменикот МАКЕДОНИУМ со почеток во 13 часот. Програмата на претседателскиот кандидат на Движење ЗНАМ за наша Македонија – Манифест за Макединија ќе опфаќа пет начела и пет приориритети во првите 200 дена. Слоганот под којшто ќе ја водиме кампањата ќе биде МАКСИМУМ ЗА МАКЕДОНИЈА. Ќе водиме скромна, позитивна кампања која ќе опфати директни средби со граѓаните, и организација на неколку мини митинзи, од кои два ќе бидат од помасовен карактер. Исто така на брифингот беа презентирани дел од одговорите на прашањата кои се содржани на анкетата нарачана од движењето ЗНАМ-ЗА НАША МАКЕДОНИЈА, за потребите на нашиот аналитички центар. Анкетирањето беше спроведено од 11 до 17 март 2024 година со употреба на CATI метода телефонско анкетирање на репрезентативен примерок од 1.500 испитаници на тероторијата на цела Македонија, со пропорционален опфат на сите етнички заедници, со интервал на доверба 95% и маргина на грешка +-3%. Одговорите на прашаната ви ги доставуваме во прилог“, се вели во соопштението.

 

Поврзани содржини