МАКСИМАЛНА КАЗНА ЗА СТОРИТЕЛИТЕ НА УБИСТВАТА Министерот Кренар Лога бара правда за жртвите во една од најголемите трагедии
Министерот за правде Кренар Лога изрази сочувство до семејствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски кои вчера беа пронајдени мртви, на локации во околината на Скопје и во околината на Велес.
Министерот за правда Кренар Лога во објава на Фејсбук изрази сочувство до семејствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, чии тела беа пронајдени синоќа откако беа пријавени за исчезнати и побара одговорност и максимални казни за сторителите за грозоморните убиства.
„Искрено и најдлабоко сочуство до семејствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Ова е една од најголемите трагедии во нашата држава затоа што безмилосно се одземени два живота. Одговорност и максимални казни за сторителите“ – напиша Лога на Фејсбук.