Максим Димитриевски за „Алсат“: Барам целосен карантин во Куманово!
Остануваме и на досегашното барање, а тоа е да се обезбеди целосен карантин, а тоа подразбира контролиран влез и излез од градот - рече Димитриевски.
Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски во вечерашното јавување во емисијата „Патот кон“ на Алсат, побара заострување на мерките за заштита од проширувањето на коронавирусот во градот и апелираше надлежните да го зголемат бројот на епидемиолози и стручни тимови во Центарот за јавно здравје во Куманово.
– Остануваме и на досегашното барање, а тоа е да се обезбеди целосен карантин, а тоа подразбира контролиран влез и излез од градот – рече Димитриевски.