МАКРОН ЖЕСТОКО ГО НАВРЕДИЛ ЏОНСОН Скандалот се појави во медиумите по неговата посета на Загреб
Џонсон ми зборува, приземјен е и сѐ е во ред, разговараме како возрасни, а потоа нè „зафркнува“ на крајно неелегантен начин - наводно им рекол Макрон на своите советници. „Секогаш истиот циркус“, додал тој.
Францускиот претседател Емануел Макрон наводно го навредувал премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон минатата недела за време на неговата посета на Хрватска, пишува „MailOnline“.
Макрон го нарекол Џонсон кловн, а се започнало за време на телефонскиот разговор за трагедијата на Ла Манш, кога 27 мигранти се обидуваа да стигнат до британскиот брег. За време на разговорот, советниците на францускиот претседател видоа дека Џонсон го твитнал писмото што му го испратил на Макрон, а кое Макрон сè уште немал време да го прочита.
– Џонсон ми зборува, приземјен е и сѐ е во ред, разговараме како возрасни, а потоа нè „зафркнува“ на крајно неелегантен начин – наводно им рекол Макрон на своите советници. „Секогаш истиот циркус“, додал тој.
Францускиот претседател, исто така, наводно тврдел дека, откако Обединетото Кралство се повлече од Европската унија, Џонсон сфатил дека „тоа е катастрофално за Британците“.
– Се претставува како жртва, прави жртвено јагне од Франција и се обидува секоја поедноставена ситуација да ја претвори во комплексен проблем. Во ваква ситуација сме од март – наводно рекол Макрон, пишува „MailOnline“.
Макрон рече и дека Џонсон приватно ќе му каже дека му е „жал што се однесува така, но дека мора да одговори на јавното мислење“.
– Многу е тажно да се види голема земја, со која можевме да направиме толку многу, а која ја води кловн – рече Макрон, пред наводно да додаде дека „Џонсон има став на безвреден човек“.
Елисејската палата не ги коментираше овие наводи.