📽️ МАКРОН ВО НЕПРИЈАТЕН МОМЕНТ ВО АНКАРА Сакал да ѝ ја бакне раката на сопругата на Ердоган, но таа ја повлече

Макрон пристигна во Анкара за да учествува на 36. самит на НАТО и присуствуваше на гала вечера организирана за шефовите на држави и влади и нивните сопружници, објави турскиот портал „Хаберлер“.

4

Францускиот претседател Емануел Макрон се најде во центарот на вниманието за време на официјалниот прием во Анкара, откако турските медиуми објавија дека се обидел да ѝ ја бакне раката на сопругата на турскиот претседател, Емине Ердоган, но таа ја повлекла раката и не го прифатила гестот.

Макрон пристигна во Анкара за да учествува на 36. самит на НАТО и присуствуваше на гала вечера организирана за шефовите на држави и влади и нивните сопружници, објави турскиот портал „Хаберлер“.






На влезот во Претседателскиот комплекс тој беше пречекан од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговата сопруга Емине Ердоган.

Според снимките што ги објавија турските медиуми и кои се споделуваат на социјалните мрежи, Макрон при поздравувањето се наведнал кон Емине Ердоган, по што таа ја повлекла раката. Турските медиуми тврдат дека францускиот претседател имал намера да ѝ ја бакне раката, но гестот не бил прифатен.

Според „Хаберлер“, моментот бил снимен за време на официјалното пречекување на учесниците на самитот.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговата сопруга беа домаќини на прием и свечена државна вечера за лидерите на земјите членки на НАТО и нивните сопружници.

На приемот во Претседателскиот комплекс присуствуваа лидерите на 32-те земји членки на Алијансата, како и претставници на партнерските држави од Индо-Пацификот – Австралија, Јапонија, Нов Зеланд и Јужна Кореја, заедно со други поканети високи функционери.

Ердоган и неговата сопруга лично ги поздравија сите гости пред главната зграда на Претседателскиот комплекс, по што беше направена заедничка фотографија. На неа Макрон и неговата сопруга Брижит Макрон стоеја од десната страна на Ердоган и Емине Ердоган, додека американскиот претседател Доналд Трамп беше позициониран од нивната лева страна.

За време на приемот беше послужена традиционална турска кујна, а гостите беа пречекани со настап на Воениот оркестар на Турските вооружени сили.

Поврзани содржини