Макрон позитивен на коронавирусот
Според прес-службата на француското претседателство, шефот на државата ќе биде во изолација во следните седум дена.
Францускиот претседател Емануел Макрон е позитивен на коронавирусот, соопшти Елисејската палата.
Според прес-службата на француското претседателство, шефот на државата ќе биде во изолација во следните седум дена.
– На претседателот на Републиката му е дијагностициран ковид-19. Во согласност со сегашните санитарни правила што се применуваат за сите, шефот на државата ќе биде изолиран седум дена. Тој ќе продолжи да работи и ќе ги извршува своите активности од далечина – се вели во соопштението.
На Макрон му бил направен ПЦР тест откако имал први симптоми на болеста.
Со вториот бран на коронавирус во Франција, блокадата поради ковид-19 во земјата е заменета со полициски час од 20:00 до 6:00 наутро кој беше воведен на 15 декември.