МАКРОН ПОБАРА КОНТРАМЕРКИ ЗА ЦАРИНИТЕ ОД 30% НА ТРАМП Ја повика Европската Комисија одлучно да ги брани интересите на ЕУ

Франција ја поддржува Европската Комисија во преговорите со САД, за кои очекува да се интензивираат, со цел до 1 август да се постигне заемно прифатлив договор, вели францускиот претседател Емануел Макрон.

109

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ од 1 август. Тој ја повика Европската Kомисија да подготви соодветни контрамерки доколку не се постигне поинаков договор.

– Со европско единство, повеќе од кога било, Комисијата треба да ја потврди решеноста на Унијата одлучно да ги брани европските интереси. Пред сè, тоа подразбира забрзување на подготовката на веродостојни контрамерки, со мобилизација на сите инструменти кои ѝ стојат на располагање, вклучувајќи ги и мерките против принуда, ако до 1 август не се постигне догово – порача Макрон во објава на Икс.






Тој истакна дека Франција ја поддржува Европската Комисија во преговорите, за кои очекува да се интензивираат, со цел до 1 август да се постигне заемно прифатлив договор.

Макрон додаде дека тој потенцијален договор мора да го одразува „почитувањето што трговските партнери како ЕУ и САД си го должат едни на други, со своите заеднички интереси и интегрирани вредности“.

Претходно денеска претседателот Трамп соопшти дека од 1 август ќе стапат во сила царини во висина од 30 отсто на сета стока која се увезува од земјите на Европската Унија и од Мексико. Тој на својот профил на мрежата Трут соушл објави копии од писмата што ги испратил до претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, и до претседателката на Мексико, Клаудија Шајнбаум.

ТРАМП ВОВЕДЕ 30% ЦАРИНА НА ИЗВОЗОТ ОД ЕУ ОД 1 АВГУСТ Спремни сме за разговори, но и за пропорционални противмерки, порача Фон дер Лајен

Поврзани содржини