Макрон: Oграничувањатa ќе траат до 11 мај

Уверувајќи дека ситуацијата е сè уште многу затегната во регионот Гранд Ест и во Ил-де-Франс, претседателот посочи дека „епидемијата сè уште не е под контрола“.

703

Францускиот претседател Емануел Макрон во телевизиското обраќање до Французите соопшти дека ограничувањата, кои стапија на сила на 17 март, ќе траат до понеделник 11 мај, под услов да се почитуваат истите, јави дописникот на МИА.

Во своето четврто обраќање, од почетокот на епидемијата, шефот на француската државата започна со овие зборови:






– Живееме во тешки денови. Благодарение на нашите напори, напредуваме секој ден. Нашиот здравствен персонал, нашите војници, нашите пожарникари, нашите фармацевти издржаа. Француските болници успеаја да ги лекуваат сите – рече тој.

Потоа им честиташе на сите што се „на фронтот“ против вирусот: здравствени работници, државни службеници, војници, пожарникари и фармацевти.

Уверувајќи дека ситуацијата е сè уште многу затегната во регионот Гранд Ест и во Ил-де-Франс, претседателот посочи дека „епидемијата сè уште не е под контрола“.

– Ова е причината зошто најстрогото ограничување мора да продолжи до понеделник, 11 мај. Ова е услов за дополнително забавување на напредокот на вирусот – нагласи Макрон.

Според него, 11 мај ќе биде почеток на нова етапа и нова организација, целта е да се заштити здравјето на сите Французи, најавувајќи дека  училиштата, градинките етапно ќе се отворат.

Сепак, тој сакаше да биде претпазлив за овој датум:

– Понеделник, 11 мај, ќе биде можно само ако продолжиме да бидеме одговорни и ако ширењето на вирусот всушност продолжи да се забавува – додаде тој.

Правилата за задржување нема да бидат променети во овој момент, но тие мора да бидат „целосно имплементирани“, рече тој. Тој исто така увери дека овие правила мора да бидат исти на целата територија.

Францускиот претседател најави дека помошта за поединците и претпријатијата ќе продолжи и понатаму.

Поврзани содржини