„МАКРОН НЕ КАЖА, НО ПАЛЕСТИНА ЌЕ СЕ ВИКА ФРАНЦ-ЕН-СТИНА“ Американскиот амбасадор во Израел се измајтапи со францускиот лидер

Во едностраното 'прогласување' на Макрон за 'палестинска' држава не пишува каде би била таа држава. Сега можам ексклузивно да откријам дека Франција ќе ја понуди Француската ривиера, а новата држава ќе се вика „Franc-en-Stine“, додаде амбсадорот Хакаби во следна објава.

1,244

„Колку генијално! Ако Макрон може само да „прогласи“ постоење на држава, можеби Велика Британија може да ја „прогласи“ Франција за своја колонија!“.

Ова е една од низата објави на социјалните мрежи на американскиот амбасадор во Израел, Мајк Хакаби, кој ја исмеа најавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека Париз ќе признае палестинска држава во септември, пишува „Тајмс оф Израел“.






„Во едностраното ‘прогласување’ на Макрон за ‘палестинска’ држава не пишува каде би била таа држава. Сега можам ексклузивно да откријам дека Франција ќе ја понуди Француската ривиера, а новата држава ќе се вика „Franc-en-Stine“, додаде амбсадорот Хакаби во следна објава.

Објавата на францускиот претседател Макрон на социјалните мрежи во која е претставен потпишан документот со кој Франција ќе признае независна Палестина веќе остро ја осудија САД и Израел.

Милитантната група Хамас која оперира во Појасот Газа ја поздрави иницијативата.

До денес, најмалку 142 држави признале палестинска држава, пренесе АФП. САД и Израел остануваат остро против ваков чекор.

Поврзани содржини