МАКРОН НАПРАВИ НЕНАМЕРНА ГРЕШКА СО „СЕВЕРНОМАКЕДОНЦИ“ Османи вели дека е зборувано со Француската амбасада

Искомунициравме со Амбасадата на Франција, а исто така реагиравме во комуникација со француската делегација, а премиерот имаше комуникација со Макрон. Нема дилеми дека Макрон направи ненамерна грешка, вели Османи.

940

 

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговараше на новинарски прашања по прес-конференцијата и кажа дека претседателот на Франција, Емануел Макрон направил ненамерна грешка кога нè нарече „северномакедонци“, пишува Прес24.

 

Османи кажа дека искомуницирале со Амбасадата на Франција, по што немале повеќе дилеми дека Макрон направил ненамерна грешка.

– Искомунициравме со Амбасадата на Франција, а исто така реагиравме во комуникација со француската делегација, а премиерот имаше комуникација со Макрон. Нема дилеми дека Макрон направи ненамерна грешка – вели Османи.

Поврзани содржини