Макрон има дилеми за кинеската вакцина

463

Францускиот претседател, Емануел Макрон, смета дека кинеската вакцина против ковид-19 е нејасна и дека постојат евентуални ризици таа да доведе до олеснување во развојот на нови варијанти, јави дописникот на МИА.

Францускиот претседател ова го изјави за време на дебата во тинк-тенкот Атлански совет, пренесоа вечерва француските медиуми.






 -Апсолутно немам информации за кинеската вакцина. Ова значи дека на среден и долг рок, речиси е сигурно дека доколку оваа вакцина не е соодветна, тоа ќе го олесни појавувањето на нови варијанти на вирусот за ковид-19 – рече Макрон.

Тој ја отфрли „краткорочна ефикасност на вакцината што би наштетила на долгорочната ефикасност “

Поврзани содржини