МАКРОН ИГРА РУСКИ РУЛЕТ СО ПОЛН ПИШТОЛ Следниот француски премиер ќе треба да гази на трње
Имајќи потреба од поддршка од еден табор, за да го усвои неговиот буџет претходно оваа недела, Мишел Барние политички отиде надесно повеќе одошто налево, удоволувајќи на барањата на Ле Пен. Потоа се чини дека таа го пробола во грб.
Многумина ја очекуваа политичката криза во Франција, но нивните очекувања не го ублажија ударот врз стабилноста на државата, удар кој можеби е најсилен досега за францускиот претседател, Емануел Макрон.
Опозициските пратеници од двата краја на францускиот политички спектар ги здружија силите во средата за да гласаат за соборување на неговата влада која беше на власт само 9 недели, прв таков пад поради барање за недоверба од 1962 година.
Малцинската влада, предводена од ветеранот преговарач, премиерот Мишел Барние, чиешто назначување веќе се сметаше за вид политички компромис за да се реши незгодниот тринасочен раскол во националното собрание, падна на првата пречка, се вели во анализата на Си-Ен-Ен.
„Ова ја втурнува Франција во исклучителна криза бидејќи земјата се соочува со остри предизвици, со јавен долг кој се зголеми за повеќе од половина за 7 години, од 2 трилиони на 3,2 трилиони евра“, анализира за Атлантик кансл, политичката аналитичарка и амбасадорка на УНЕСКО, Франција, Јама Јаде.
Во Франција има 9 милиони жители кои живеат во сиромаштија, вели таа, зголемено затворање на фабриките и надворешно-трговски дефицит од околу 100 милијарди евра во 2023 година, што е знак за забрзана деиндустријализација на француската економија.
Како резултат на тоа, сѐ поголем број луѓе, на француската политичка сцена, не гледаат начин владата да продолжи со ова темпо до следните претседателски избори во 2027 година. За да се реши политичката криза, многумина не замислуваат друг исход освен оставка на Макрон и организација на предвремени претседателски избори.
Кој и да е следен, нема фајде
Како што започнува последната рунда политичка недоумница во Франција, главното прашање на сите е: „Кого ќе го избере Макрон за следен премиер?“
Барние, шампионот на преговорите за Брегзит на Европската Унија, се сметаше за добра рамнотежа помеѓу сè подесно наклонетиот центризам на Макрон и политичката тежина на екстремната десница, се објаснува во анализата на Си-Ен-Ен.
Макрон ја игнорираше претходната номинација на левицата за премиер и се чинеше дека ниеден кандидат на екстремната десница не е во игра. Јордан Бардела, главниот ученик на лидерката на екстремната десница, Марин Ле Пен, се откажа од кандидатурата откако нивната партија, Национален собир, не успеа да освои парламентарно мнозинство.
Во поларизираниот француски парламент, неколку кандидати за иден премиер изгледаат привлечни, но сепак не се чини дека ќе бидат успешни. Многумина во земјава се подготвуваат за изненадување.
Следниот премиер ќе освои пехар со отров
Се чини дека не е можно да се избегне повторување на овонеделниот политички ќорсокак, освен ако следната влада силно не се приклони кон коалиција со широкиот левичарски или екстремно десничарски блок.
Барем за Макрон, математиката не испаѓа. Со оглед на тоа што парламентот е прилично рамномерно поделен меѓу левата, централната и екстремната десница, на францускиот претседател му треба пријател.
Сигурно е дека пропаднаа големите планови на Макрон за реформи во внатрешната политика.
И левицата и екстремната десница се насилно против повеќето даночни зголемувања и мерки за штедење. Буџетот на Барние, којшто го предизвика неговиот пад, требаше да вклучи зголемување на даноците во вредност од 60 милијарди евра (63 милијарди долари) и намалување на трошоците за да се намали буџетскиот дефицит на земјата на 5% следната година, според пресметките на владата, се додава во анализата на Си-Ен-Ен.
Сепак, со оглед на поделбите во политиката, меѓу амбициите на Макрон и двата други табора, за секој иден премиер нема да биде возмошно ништо повеќе од седење на резервна клупа.
Опозициските табори мирисаат крв во водата. Левичарската група Нов народен фронт веќе објави дека ќе ја собори секоја влада што нема левичар на чело.
Левицата – која беше навидум победник на предвремените избори летово, откако гласачите се здружија за да ѝ опонираат на екстремната десница – сака да се почитува нејзиното прво место.
– Макронистите ги загубија европските (избори), ги загубија законодавните тела. И сега Емануел Макрон планира повторно да именува макронист (за премиер). Ова е демократски проблем – изјави во средата вечерта Мануел Бомпар, национален координатор на екстремно левичарската партија „Франција непокорена“.
Политичкото племе на Ле Пен, кое се искачи на врвот на рекордните изборни резултати во април, се чини дека сè уште има цел да победи во 2027 година, на следните претседателски избори.
Како и да е решен сегашниот политички ќорсокак, тој сигурно обезбедува само пехар со отров за следниот премиер.
Ле Пен му ја префрли на Макрон вината за кризата и понуди малку решенија, намерно не повикувајќи на негова оставка во средата навечер.
Имајќи потреба од поддршка од еден табор, за да го усвои неговиот буџет претходно оваа недела, Барние политички отиде надесно повеќе одошто налево, удоволувајќи на барањата на Ле Пен. Потоа се чини дека таа го пробола во грб.
Барние ја обвини екстремната десница за политичка уцена, откако рече дека таа бара уште повеќе од него, поставувајќи го теренот за гласање недоверба. Погодно за Ле Пен, левичарскиот предлог го осуди Барние (дури и ако екстремната десница подоцна даде сличен предлог), при што левицата го трпи најголемиот дел од владиниот јавен гнев поради потегот.
Екстремните десничари чекаат миг за да го испукаат својот арсенал.
Пошироки геополитички импликации на кризата во Франција
И покрај политичката нестабилност од неговиот втор мандат, Макрон сакаше да го задржи курсот за најитните прашања за надворешната политика на Франција, анализира политичкиот експерт Леони Алард.
Кршливоста на неговата малцинска влада повторно го стави во дилема што се обиде да ја избегне: да ја прифати предноста на крајната десница или да изгради коалиција со левиот блок. Иако стабилноста на владата не зависи од прашањата за надворешната политика, особено во светло на посебните прерогативи на претседателот во овој домен, можната неопходност да се изгради коалиција може да отвори дебата во врска со позицијата на Франција за војните на Израел со Хамас и Хезболах и во помала мера, за конфликтот во Украина.
Во француската внатрешна политика, палестинската кауза честопати се перцепира низ објективот на сложените односи на земјата со нејзината муслиманска заедница. Француската поддршка за Украина останува помалку поврзана со внатрешната политика, но сепак партијата на Ле Пен ја критикуваше политиката на Макрон кон Русија.
Политичкиот вакуум во Париз и во Берлин директно влијае на европското лидерство и единство. Реконструкцијата доаѓа во критичен момент, а Европа треба да ја прилагоди и поддршката за Украина и за нејзината безбедносна архитектура со оглед на новите ограничувања на трансатлантските односи, наметнати со враќањето на администрацијата на Трамп.
- ФРАНЦИЈА ЈА ПОВИКУВА УКРАИНА ВО НАТО Нема црвени линии за поддршката за Киев, Русија е закана за Европа
- МАКРОН ТВРДИ ДЕКА РУСИЈА НЕМА ДА ЈА ЗАПРЕ ФРАНЦИЈА Помошта за Украина продолжува, порача претседателот
И покрај нестабилниот внатрешен контекст, Франција работеше на изградба на заедничка стратешка визија за европската надворешна и одбранбена политика. Тоа го направи со инвестирање во Европската унија, како и со учество во мини-латерални формати како што се Вајмарскиот триаголник и дијалогот Е3, Италија и Полска. Таа, исто така, презеде чекори за зајакнување на својот ангажман со Централна и со Источна Европа. Сега, повеќе од кога било, Франција треба да продолжи да ја зајакнува својата поддршка за оние земји кои уживаат поголема политичка иницијатива на европско ниво.
Подготвил: Хари Кацановски