Макрон: Богатите земји да им испратат 5 отсто од вакцините на земјите во развој

Шефот на француската држава додаде дека и германската канцеларка Ангела Меркел ја поддржува европската иницијатива за поделба на вакцините, изразувајќи надеж дека неговата идеја ќе ја прифатат и САД.

309

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика Европа и САД итно да испратат 5 отсто од своите вакцини против ковид-19 на земјите во развој.

Тој, во пресрет на видео самитот на групата Г7 кој почнува денеска, истакна дека неуспехот во поделбата на вакцините ќе ја зголеми нееднаквоста во светот






– Не станува збор за поделба на милијарда дози вакцини веднаш, или милијарди и милијарди евра. Зборуваме за распределба на четири-пет отсто дози од вакцините кои нема да влијаат на нашата кампања за вакцинација. Секоја земја да остави настрана мало количество на вакцини, но тоа да се направи брзо – нагласи Макрон.

Шефот на француската држава додаде дека и германската канцеларка Ангела Меркел ја поддржува европската иницијатива за поделба на вакцините, изразувајќи надеж дека неговата идеја ќе ја прифатат и САД.

– Во недостиг на таква шема, Кина и Русија ја пополнуваат празнината и отвораат пат за војна на влијание преку вакцините – изјави Макрон.

Поврзани содржини