Макпетрол: Изедначувањето на акцизата за екстра лесното гориво и дизелот е во корист на квалитетот
Од компанијата, како што соопштија, се надеваат дека пред истекот на важноста на оваа одлука, новиот собраниски состав ќе направи и измени во Законот за акцизи и еднаш засекогаш ќе се реши овој проблем.
Одлуката за изедначување на акцизата на екстра лесното гориво со акцизaта на дизел горивото е во интерес на сите, граѓаните, државата и трговците со нафта и нафтени деривати, е прватса реакција на .„Макпетрол“ .
– Со изедначување на акцизата ќе запрат злоупотребите кои се прават со екстра лесното гориво, со што ќе почне да се користат поквалитетни горива, кои директно ќе влијаат врз намалување на загадувањето на воздухот, а, исто така, ќе донесе поголеми приходи во државниот буџет, што е битно во овие моменти на економска нестабилност, предизвикана од пандемијата на вирусот COVID-19 – велат од Макјпетрол.