МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ СЕ РАЗВЕА НА СЦЕНА ВО ИТАЛИЈА Прво место и златен медал на натпревар на хорови (ВИДЕО)

На натпреварот, кој се одржа во Римини, Италија, хорот од Македонија, под менторство на наставничката Вера Ангеловска, го освои златниот медал.

212

Ученичкиот хор од основното училиште „Кузман Јосифовски – Питу“ од Кисела Вода, Скопје, го освои првото место на натпревар во хорско пеење, што се одржа вчера (30.11.2022) во Римини, Италија.

На натпреварот хорот од Македонија, под менторство на наставничката по музичко воспитување Вера Ангеловска, го освои златниот медал.






На сцената при врачувањето на наградата се развеа македонското знаме. Честитки и многу успеси до учениците.

Поврзани содржини