МАКЕДОНСКОТО ГРАДЕЖНИШТВО ЌЕ РАСТЕ Николоски вели дека партнерството со Велика Британија отвора сериозни можности

Една од работите којашто ни е договорена, покрај знаење ќе се трансферираат и добра кон нашиите комапнии во смисла ќе се стават на располагање машини до кои што нашите компании не можат да дојдат дури и да имаат пари, вели вицепремиерот и министер за транспорт додавјаќи дека владата ќе разговара со бизнис коморите за домашните компании активно да се вклучат во изградба на државата.

87

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски очекува да расте македонското градежништво најавувајќи дека со Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија ќе отвори можност за преку 70 проценти од домашните компании да учествуват во реализација на инфраструктурните проекти.

– Само за споредба, сега има не повеќе од 49 проценти учество, а на некои проекти само до 10 проценти работат наши компании – изјави Николоски.






Министерот најави дека во перидот што следи ќе се разговара со бизнис коморите и ќе се поканат сите домашни компании да се мобилизираат во изградбата на државата.

– Ова ќе е најголем простор за локална компонента воопшто виден во Македонија. Премиерот веќе најави дека ние за скоро време ќе поразговараме со стопанските комори, со бизнисот, да ги презентираме овие проекти и да ги поканиме да се вклучат затоа што треба сите да се ангажираат и да се мобилизираат и да видиме колкав е апсорбниот капацитет на нашите компании, но и нашите компании ќе растат. Една од работите којашто ни е договорена, покрај знаење ќе се трансферираат и добра кон нашиите комапнии во смисла ќе се стават на располагање машини до кои што нашите компании не можат да дојдат дури и да имаат пари. Ќе се стават на располагање инженери кои што може да постават нови системи на работа до кој што нашите компании исто така не можат да дојдат, така што очекувам ова што го правиме со Велика Британија да го трансферира и бизнисот.

Вицепремиерот вели дека очекува после еден до два инвестициски циклуси од по пет години македонското градежништво повторно да е меѓународно конкурентно со македонски фирми кои ќе работат наместо странските.

Поврзани содржини