МАКЕДОНСКИТЕ РАКОМЕТАРИ ВЕЧЕРВА НА ТЕЖОК ИСПИТ ПРОТИВ ДОМАЌИНОТ Со Германија еднаш сме одиграле нерешено
Натпреварот против домаќинот на ЕП 2024 ќе се игра пред 17.000 гледачи во „Мерцедес Бенц Арена“, чиј капацитет е одамна распродаден.
Македонската ракометна репрезентација вечерва од 20:30 часот против домаќинот Германија го игра вториот натпревар на Европското првенство (ЕП).
– Очекувам цврста Германија која ќе бара многу контакт, многу прекини. Мора да се подготвиме ментално и нашиот напад да биде подобар, тоа што ни недостигаше со Франција, изјави пред вечерашниот дуел селекторот Кирил Лазаров.
Македонските ракометари на отворањето на ЕП беа поразени од Франција со 29-39.
Натпреварот против домаќинот на ЕП 2024 ќе се игра пред 17.000 гледачи во „Мерцедес Бенц Арена“, чиј капацитет е одамна распродаден.
Тоа ќе биде шести дуел меѓу македонската и германската репрезентација. Низата од четири победи на Германија во меѓусебните дуели (36-25, СП 1999, 33-23, СП 2009, 24-23, ЕП 2012, 28-23, СП 2013), беше прекината на последниот дуел одигран на ЕП 2018 кога натпреварот заврши нерешено 25-25.
Претходно денеска од 18 часот во првиот натпревар од второто коло во групата А ќе играат Франција и Швајцарија.