Македонските полицајци ќе се вакцинираат во Србија

4,024

Независниот синдикат на полицијата на својата страница на фејсбук објави дека во соработка со збратимените синдикати од Република Србија е во завршна фаза на преговори за обезбедување на количество вакцини за членовите на НСП.

„Вакцинацијата првенствено на членовите, но и на останатите вработени од организационите единици со најголем ризик кои доброволно ќе се пријават, ќе се одвива во Р. Србија по претходно изготвен план од работно тело кое ќе го формира Синдикатот и за кое дополнително ќе Ве известиме“, велат од Независниот синдикат на полицијата.






Сто и пет медиумски работници од Македонија денеска беа вакцинирани со антиковид вакцината „АстраЗенека“ во Институтот за јавно здравје во Врање, Република Србија.

Поврзани содржини