Македонските навивачи веќе се прваци – за четири дена испиле 75.000 литри пиво и потрошиле 450.000 евра

Романските медиуми пишуваат дека само од македонските навивачи, кафеаните, кафулињата и баровите заработиле околу 450.000 евра.

465

Македонските навивачи извршија инвазија на Букурешт каде што македонската фудбалска репрезентација ги играше првите два натпревари од Европското првенство.

За околу четири дена колку што македонските навивачи престојуваа во романската престолнина, успеале да испијат меѓу 70.000 и 75.000 литри пиво, велат официјалните информации на Управата за јавни приходи на Романија, согласно пресметките од локалите, клубовите и рестораните.






Македонија на овие натпревари имаше поддршка од околу 4.000 навивачи.

Романските медиуми пишуваат дека само од македонските навивачи, кафеаните, кафулињата и баровите заработиле околу 450.000 евра.

Поврзани содржини