МАКЕДОНСКИОТ РАКОМЕТ ЗАВИЕН ВО ЦРНО Почина 19-годишен ракометар на Аеродром

Андреј Петрески десетина години го носеше дресот на РК Аеродром и беше на поширокиот список на кадетската репрезентација на Македонија за настапот на претстојното Светско првенство.

999

Згасан животот на уште еден млад ракометар. Во својот дом ненадејно починал 19-годишниот Андреј Петрески.

Младиот ракометар десетина години го носеше дресот на новиот суперлигаш, РК Аеродром и беше на поширокиот список на кадетската репрезентација на Македонија за настапот на претстојното Светско првенство.






Во последните две години ова е втора ваква трагедија во најпопуларниот спорт во Македонија. На 3 јули 2021 година на 20-годишна возраст почина ракометарот на Бутел, Марко Божиновски.

 

Поврзани содржини