МАКЕДОНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ РЕШИТЕЛНО ЈА ИЗБРА ЕВРОПА Франција ќе застане покрај Македонија во вторник

746

Македонското Собрание направи решителен избор за Европа. Франција ќе застане покрај Северна Македонија за време на првата меѓувладина конференција, напиша францускиот претседател Емануел Макрон на „Твитер“.

„Со суверено гласање денеска за предлогот што го даде Франција пред крајот од нејзиното претседавање со Советот на Европската Унија, македонското Собрание повторно направи решителен избор за Европа. Франција ќе застане покрај Северна Македонија за време на првата меѓувладина конференција која ќе отвори историска етапа во нејзиниот процес на пристапување кон Унијата“, пишува во објавата на Макрон.

Поврзани содржини