МАКЕДОНСКИОТ НЕ Е ДИЈАЛЕКТ НА БУГАРСКИОТ ЈАЗИК Познат бугарски професор се обрати во јавноста

На дијалект не се говори во болниците, во училиштата, во канцелариите, на Универзитетите. На дијалект се зборува дома, меѓу членовите. Кога еден јазик ги опслужува сите сфери на општествениот живот тоа е литературен јазик, тоа не е дијалект, рече професорот Ќосев.

2,152

Официјалниот јазик во Македонија не е дијалект на бугарскиот бидејќи служи за сите сфери на општествениот живот, изјави професорот Александар Ќосев, член на Клубот за македонско-бугарско пријателство во студиото на „Добро утро Европа“, пренесува Скопје24.

– На дијалект не се говори во болниците, во училиштата, во канцелариите, на Универзитетите. На дијалект се зборува дома, меѓу членовите. Кога еден јазик ги опслужува сите сфери на општествениот живот тоа е литературен јазик, тоа не е дијалект – рече тој.






Ќосев е професор по Историја на модерната култура на Универзитетот во Софија, а бил и директор на универзитетскиот Културен центар. Тој го оцени вклучувањето на Бугарите во Уставот на Македонија како „минимален успех“.

– Дури и да ги смениме учебниците, процесот на нормализирање на односот на одредени слоеви од македонското општество кон Бугарите ќе трае со години, ако не и со децении. Ако треба да има процес на историско помирување и вистинска историска анализа тоа без сомнение треба да се случи и од двете страни – додава професорот.

Тој е на мислење дека учебниците треба да се препишуваат во духот на „модерен, отворен, граѓански, толерантен“ патриотизам кој бара контакти со соседите и е европски.

Поврзани содржини