МАКЕДОНСКИОТ ГРАНИЧАР СЕ ОБИДЕ ДА ЈА ТУРНЕ КОСОВСКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА Се огласи Кабинетот на Вјоса Османи за вчерашниот инцидент на скопскиот аеродром

Ваквото однесување на вработените на македонскиот аеродром е спротивно на секоја меѓународна практика, според која шефовите на држави кога патуваат се заштитени со дипломатски привилегии и имунитети, велат од Кабинетот на косовската претседателка Вјоса Османи.

636

Кабинетот на косовската претседелка, Вјоса Османи, се огласи за инцидентот на скопскиот аеродром.

Оттаму велат дека спротивно на меѓународните практики и Виенската конвенција за дипломатски односи, обезбедувањето на скопскиот аеродром се обидело да ѝ го земе личниот телефон на претседателката, но таа не дозволила.






„И покрај образложението на правилата што тимот на претседателката му ги соопштила на аеродромскиот функционер, тој се обидел физички да ја турне претседателката, при што косовската полиција била принудена да реагира за да го отвори патот. Ваквото однесување на вработените на македонскиот аеродром е спротивно на секоја меѓународна практика, според која шефовите на држави кога патуваат се заштитени со дипломатски привилегии и имунитети. Прекршувајќи ги овие правила, македонската страна ја одзеде личната чанта на претседателот. Иако тоа беше спротивно на правилата, тимот на претседателот го дозволи тоа за да може претседателот да влезе на аеродромот, поточно во ВИП салонот, кој беше резервиран од нашата амбасада, како што е практика за патувањата на шефовите на држава“, велат од Кабинетот на Османи.

Кабинетот нагласува дека од безбедносни причини не е дозволено предавање на личниот телефон на кој било начин.

Обвинуваат за арогантно и насилничко однесување на службеникот на скопскиот аеродром, коментирајќи дека е без преседан и никогаш не се случило на ниту едно патување на претседателот никаде во светот, вклучително и во непризнаени земји. Според нив, имало тенденција да се испровоцира делегацијата на Република Косово и да се предизвика инцидент.

„За овој дипломатски скандал предизвикан од македонска страна, претседателката го известила претседателот на Собранието, Африм Гаши, кому му се заблагодарува за понудената помош“, велат од кабинетот на Османи.

И Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово изрази загриженост поради синоќешниот инцидент што ѝ се случи на косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродром, за кој вели дека почнало да собира информации за случајот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Нарекувајќи го „недостоинствен“ односот на аеродромското обезбедување кон Османи, косовското МНР во денешното соопштение наведува дека побарало официјални појаснувања во врска со инцидентот од амбасадата на Северна Македонија во Приштина и од македонското МНР.

„Министерството за надворешни работи и дијаспора со загриженост дозна за инцидентот предизвикан на скопскиот аеродром во врска со недостоинствениот однос кон претседателката на Република Косово, др. Вјоса Османи. Министерството за надворешни работи и дијаспора, преку Амбасадата на Косово во Скопје, започна со собирање информации и уште од раните утрински часови бара официјални појаснувања од амбасадата на Северна Македонија во Приштина и од Министерството за надворешни работи на Северна Македонија. Министерството за надворешни работи ќе ја информира јавноста за понатамошните активности, за да се расчисти оваа ситуација и да се погрижи во иднина да не се случуваат вакви инциденти во однос на шефовите на нашата држава“, се вели во соопштението на косовското МНР.

Инаку, како што веќе вчера објавивме, на скопскиот аеродром се случил голем инцидент во кој било вмешано и личното обезбедување на собранискиот спикер Африм Гаши, а заиграле и пиштоли.

ИНЦИДЕНТ ИМАШЕ, АМА БЕЗБЕДНОСТА НА ПАТНИЦИТЕ НЕ БЕШЕ ЗАГРОЗЕНА Имаме законска обврска да го провериме багажот на сите патници, велат од ТАВ Македонија

Поврзани содржини