МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ ОСТАНУВА ЛИДЕР НА ТВ ПАЗАРОТ Вкупно 145.000 корисници му веруваат на тв сигналот на овој оператор
Македонски Телеком бележи и раст во интернет сегментот со зголемен број на корисници за 4,7 отсто и зголемен пристап до широкопојасен интернет за 4,1 отсто во споредба со истиот период од 2020 година.
Македонски Телеком за 9 месеци ги зголеми приходите од продажба за 5,7 отсто, инвестираше во 5Г мрежа и ја зголеми оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) за 8,6 отсто споредено со истиот период лани.
Компанијата информира дека со инвестиции од 45 милиони евра за периодот 2021-2025 година, ја модернизира радио пристапната мрежа низ целата држава со најнова опрема од петтата генерација.
-Во моментов, една третина од мобилната мрежа е целосно подготвена за обезбедување 5G услуги. Продолжуваат и инвестициите во оптичката мрежа и расте бројот на оптички пристапи во земјата. Во изминатите девет месеци, повеќе од 240.000 корисници имаат пристап до оптика, што е за 12 отсто повеќе споредено со истиот период од претходната година – велат од МТ.
Компанијата, додаваат оттаму, го потврди лидерството на ТВ пазарот со својот удел од 34,4 отсто.
– За 9 месеци, базата на корисници е зголемена за 3,5 отсто во споредба со истиот период од претходната година и сега изнесува 145.000 корисници. Приходите од овој сегмент пораснале за 3,1 отсто – велат од Телеком.
Македонски Телеком бележи и раст во интернет сегментот со зголемен број на корисници за 4,7 отсто и зголемен пристап до широкопојасен интернет за 4,1 отсто во споредба со истиот период од 2020 година. Бројот на интернет корисници сега изнесува 195,7 илјади, а уделот на пазарот е 49,8 отсто. Зголемен е и бројот на корисници на фиксна телефонија за 2,5 отсто и на мобилна за 5,1 отсто. И приходите од мобилните услуги во првите девет месеци од 2021 година бележат зголемување од 7,1 отсто во споредба со истиот период лани.