Македонски телеком го обновува Одборот на директори
Од одборот на диркетори на телекомуникацискиот оператор заминуваат Јанош Тремел и Давид Коприва. Нивното заминување треба да го констатира Собрнаието.
Лубор Жатко и Мартин Ренер стануваат членови на Одборот на директори на Македоснки телеком по 15 април. Нивото назначување треба да го изгласа Собранието на акционери закажано за овој датум.
Тие, како што е соопштено од компанијата преку Македонска берза, ќе бидат неизвршни членови со мандат од 4 години.
Телекомот соопшти и дека собранието на акционери треба да го реизбере Карој Швејнингер, како неизвршен член на Одборот на директори.
Од одборот на диркетори на телекомуникацискиот оператор заминуваат Јанош Тремел и Давид Коприва. Нивното заминување треба да го констатира Собранието.
Во Одборот на директори на Македонски телеком покрај новоизбраните Лубор Жатко и Мартин Ренер кои ќе бидат неизвршни членови остануваат:
Назим Буши – неизвршен член и Претседател
Сашо Велески- неизвршен член и Заменик Претседател
Никола Љушев – извршен член и ГИД
Андреас Маиерхофер – неизвршен член
Карој Швејнингер – неизвршен член
Борче Сиљаноски – неизвршен член
Владимир Ивановски – неизвршен член
Мирослав Вујиќ – неизвршен член
Сашо Симјановски – неизвршен член
Петер Фаил – независен член
Замир Мехмед – независен член
Дивна Јовковска – Ефтимоска – независен член