📽 МАКЕДОНСКИ СУДИЈА БРУТАЛНО НАПАДНАТ НА БОКСЕРСКИ МЕЧ Незадоволниот тренер од Азербејџан влегол во рингот и почнал да го дави Цубалевски

Инцидентот се случи вчера во финалето на Европското младинско првенство во кое боксуваа Виктор Мајсторовиќ од Србија и Јусуф Агакишијев од Азербејџан.

1,017

Македонскиот боксерски судија Стефан Цубалевски беше нападнат од страна на азербејџански тренер за време на финалето на Европското младинско првенство кое се одржа во Златибор, Србија.

Инцидентот се случи вчера во финалето до 75 килограми во кое боксуваа Виктор Мајсторовиќ од Србија и Јусуф Агакишијев од Азербејџан.






Тренерот на Агакишијев незадоволен од судењето, прво вербално го нападна Цубалевски, а потоа во втората рунда влезе во рингот и почна да го дави.

Мечот беше прекинат, Азербејџанецот д0би службен пораз, а Србинот го освои златото.

Поврзани содржини