Пласманот на Македонија на Европското првенство во фудбал се најде овековечен на ногата на Панчо од познатото дуо ДНК. Тој ги истетовирал имињата на целиот тим кој го носи дресот на Македонија.
– Кога ќе ти се исполни детскиот сон, моментот мора да се овековечи Оваа тетоважа ми е една од позначајните кои ги имам на моето тело и сум горд на истата исто толку колку што сум горд и на нашите репрезентативци кои ни ја приуштија оваа неопилива радост. Ни покажаа и докажаа на сите нас како со сплотеност и верба се постигнува успех.
https://www.facebook.com/pancho.shortydnk/posts/10157770215182544