МАКЕДОНСКА САТЕЛИТСКА ТЕЛЕВИЗИЈА СО АКЦИЈА ВО БУГАРИЈА „Ќе делиме рисивери, контра на бугарските телевизии во Македонија“

Во оваа кампања активно се вклучуваат и нашинците од Австралија. Поради големиот интерес, рисиверите ќе се доделуваат преку македонски здруженија во Бугарија, велат од сателитската телевизија ИНТВ објаснувајќи дека ова е контра-акција на најавите дека, наводно, организации од Бугарија доделуваат бесплатни рисивери во Македонија.

3,078

Сателитската телевизија ИНТВ од Австралија објави дека ќе дели бесплатни ТВ-рисивери на Македонци во Бугарија како одговор на шпекулациите дека, организации од Бугарија доделуваат бесплатни рисивери во Македонија за гледање на бугарски телевизиски програми.

„Деновиве на социјалните мрежи кружат соопштенија од Фејсбук-страници зад кои стојат организации од Бугарија, со цел заведување на Македонците. Во нив се тврди дека се доделуваат бесплатни ресивери во Македонија за гледање на бугарски телевизиски програми“, соопштија од ИНТВ.






Понатаму во  соопштението велат:

„Контра на оваа кампања, Македонската сателитска телевизија ИНТВ објави сопствена акција – бесплатни рисивери за сите Македонци во Бугарија кои се чувствуваат Македонци!“

Компанијата вели дека секој заинтересиран може да се обрати директно до ИНТВ, а рисиверите ќе им бидат доставени.

„Македонската песна, култура и традиција – секогаш со вас!“, порачаа од телевизијата.

 

Според објавеното рисиверите ќе бидат делени преку македонски здруженија во Бугарија.

„Во оваа кампања активно се вклучуваат и нашинците од Австралија. Поради големиот интерес, рисиверите ќе се доделуваат преку македонски здруженија во Бугарија. Во месец октомври и ноември ќе се собираат средства и во дијаспората, за што се очекува масовна поддршка.

Со оваа акција, ИНТВ уште еднаш потврдува дека останува на браникот на македонскиот идентитет, јазик, песна и култура – каде и да живее Македонецот“, порачуваат од телевизијата.

Поврзани содржини