Македонска берза побара Стопанска банка Битола да каже од каде е порастот на цената на акциите
Оваа информација Македонска берза за хартии од вредност ја побара од Стопанска банка Битола откако на цената на нејзините акцијата во периодот од 12.2.-17.2.2021 година, пораснаа.
Стопанска банка Битола информира дека нема никакви дополнителни ценовно чувствителни информации кои не ги објавила, а кои би можеле да имаат влијание врз порастот на цената на акциите.
Оваа информација Македонска берза за хартии од вредност ја побара денеска од Стопанска банка Битола откако порасна цената на нејзините акцијата во периодот од 12.2. -17.2.2021 година.
„Ве известуваме дека Банката нема никакви дополнителни ценовно чувствителни информации кои не ги објавила, а кои би можеле да имаат влијание врз порастот на цената на акциите“ стои во информацијата од Банката објавена на Македонска берза.
Од Банката нагласуваат дека инвеститорите своите инвестициски одлуки треба да ги базираат на јавно достапните и официјално објавени информации од страна на Банката.
Од почеток на февруари се истргувани преку 2 600 акции или 0,67 отсто од сите акции на банката од кои 2 150 акции во последните неколку дена.
Оваа недела, акцијата забележува раст од 10 % на дневно ниво
Според последните податоци од крајот на 2019 година споделени на веб страната на Банката кои се однесуваат на акционерскиот капитал со учество од над 5% од акциите, со право на глас, „Пелистерка“ АД Скопје, заедно со поврзаното лице ТИМОХ ДОО Скопје поседува 21,85% од нив.