Македонска берза и Централниот депозитар донираа еден милион денари за Министерството за здравство

183

 Македонска берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје донесоа одлука  за донација на наменската сметка на Министерството за здравство на Република Северна Македонија во вкупен износ од 1.000.000 денари за соочување со настанатите состојби поврзани со вирусит ковид-19.






– Со оглед на тоа што актуелната борба за надминување на оваа криза подразбира колективна солидарност и одговорност, на овој начин двете институции, како општествено одговорни компании, даваат поддршка на македонските здравствени институции на коишто паѓа главниот товар во справувањето со кризата – соопштуваат од Македонска берза.

Поврзани содржини
na