МАКЕДОНКАТА КОЈА ПИШУВА ИСТОРИЈА ВО АЛПСКО СКИЈАЊЕ Видеолотарија го слави успехот на Јана Атанасовска
Со ова спонзорство, Видеолотарија Касинос Австрија ја поттикнува кариерата на една од нашите најталентирани скијачи, а едновремено, го поддржува и развојот на македонскиот скијачки спорт.
Видеолотарија Касинос Австрија го слави успехот на Јана Атанасовска – првата ФИС победа. Верувајќи во нејзиниот потенцијал, компанијата со гордост споделува дека далa безрезервна поддршка, овозможувајќи ѝ да ја запише Македонија во историјата на алпското скијање.
– Благодарна сум што Видеолотарија Касинос Австрија го препозна мојот талент и посветеност и одлучи да ми даде несебична поддршка и доверба на мојот спортски пат. Нивната поддршка ми дава можност да ги имам потребните професионални услови за работа и ми дава мотивација за создаваме уште поголеми успеси – изјави Атанасовска.
Јана ја направи Македонија горда, велат од Видеолотарија Касинос Австрија. Коомпанијата како спонзор на Јана Атанасовска се радува и се гордее на нејзиниот историски успех.
„Со задоволство споделуваме дека нашата млада и талентирана скијачка, стигна до својата прва ФИС победа. Ова е победа за Јана и за Македонија“, велат од Касинос Австрија.
Јана вели дека напорната работа секогаш се исплаќа.
– Напорната работа секогаш се исплаќа! Горда сум што овие резултати влегоа во историјата на македонското алпско скијање. Ова е само почеток. Пресреќна сум за постигнатите резултати и би била нескромна ако кажам дека не ги очекував и порано во сезоната. Во текот на оваа сезона имав одлични штопинзи на тренинзите во споредба со некои од светските скијачки, но, некако на трките ми недостасуваше некој клик, за да спојам две добри возења. Како што поминуваше сезоната, мислам дека успеав да направам симбиоза на мојот агресивен темперамент и тактичкото возење. Тоа го работевме последните триесетина дена и ја пронајдовме формулата за успех. Среќна сум што докажав дека и натпреварувач од мала држава како нашата, со труд, работа и посветеност може да се носи рамо до рамо со големите скијачки нации – изјави Јана Атанасовска.
Таа вели дека се надева дека „со ова барем малку ќе им помогнам на сите млади спортисти да веруваат во својата спортска приказна“.
– Би сакала да истакнам дека за врвни резултати се потребни професионални услови за работа – додава Јана.
Младата скијачка вели дека е благодарна што Видеолотарија Касинос Австриа го препозна нејзиниот талент и посветеност и одлучи да ѝ даде несебична поддршка и доверба на нејзиниот спортски пат.
– Нивната поддршка ми дава можност да ги имам потребните професионални услови за работа и ми дава мотивација за создаваме уште поголеми успеси – изјави Атанасовска.
Таа се надева дека со оваа победа барем малку ќе им помогне на сите млади спортисти да веруваат во својата спортска приказна.
– Би сакала да истакнам дека за врвни резултати се потребни професионални услови за работа – додава Јана.
Александар Атанасовски – Чаве, претседателот на клубот на Јана-АСК СКАДИ Скопје изјави дека ова е само почеток и дека клубот продолжува со уште поголема мотивација кон нови предизвици и успеси.
– Не можам да бидам погорд на нашата натпреварувачка Јана! Ова беа извонредни трки, во кои покажа огромна посветеност, техничка прецизност и одлучност. Знаевме дека имаме потенцијал за врвен резултат, но сега таа го потврди тоа на најдобар можен начин – со победа. Подготовките беа интензивни, работевме на секој детал, а оваа победа е резултат на напорната работа и дисциплината што ја покажува секој ден. Ова е само почеток – продолжуваме со уште поголема мотивација кон нови предизвици и успеси. Постигнувањето на овие рекордни 25.02 ФИС точки за наредната сезона ни обезбедуваат подобар стартен број и можност за остварување на уште поголеми резултати – изјави Атанасовски – Чаве.
Од Видеолотарија Касинос Австрија порачуваат дека со ова спонзорство, „ја поттикнуваат кариерата на една од нашите најталентирани скијачи, а едновремено, го поддржува и развојот на македонскиот скијачки спорт“.
„Ние сме горди што можеме да бидеме дел од нејзината патека кон успехот. Уверени сме дека нејзината посветеност и труд ќе донесат големи успеси како за на, така и за Македонија“, соопшти компанијата.