МАКЕДОНИЈА СО НАЈВИСОКА ИНФЛАЦИЈА ВО ЕКС-ЈУ Пак сме најутепани во регионот, како на времето

Тоа што инфлацијата е најголема во Македонија е доказ за неработата на власта, оценува ВМРО-ДПМНЕ.

489

Инфлацијата во Македонија е 19.8% и со тоа највисока во регионот на поранешна СФРЈ, предупредува ВМРО-ДПМНЕ.

Словенија има речиси двојно помала инфлација од Македонија, само 10%. Инфлацијата кај храната и пијалоците е 32.4% во Македонија, а 17.2% во Словенија.






Статистиката покажува дека во Словенија, со двојно повисоки плати, и многу посилен животен стандард, растот на цените е помал отколку во Македонија.

Иста е споредбата и со Србија, каде  инфлацијата е 14% и Хрватска, со инфлација од 12.8%.

„Ова покажува дека големата инфлација во Македонија е резултат на неспособноста на владата да се справи со шоковите, но и на неработата во изминативе 5 години. Ударот доаѓа во секторот енергенси, главно со цените на струјата и на храната и пијалоците. Тоа се сектори во кои со квалитетен менаџмент би се спречила големата инфлација“, тврди ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани содржини