МАКЕДОНИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА БРАНОТ ОД ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА Ќе се изработува стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура
До почетокот на август теба да се избере консултант.кој треба да направи подготовка на Стратегија за електрични возила и Акциски план со приоритетни активности и рокови.
Европската банка за обнова и развој ѝ даде грант од 350.000 евра на земјава како техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, соопшти Министерството за транспорт.
Како што се наведува во соопштението, Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура е прва од овој вид во Македонија и треба да овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на електричните возила.
Според Министерството, во тек е постапката за избор на консултант која се очекува да заврши на крај на јули или на почеток на август.
„Консултантот ќе има задача во две фази да креира: подготовка на Стратегија за електрични возила и Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој“, се вели во соопштението.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата.
Денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски го потпиша договорот за грантот со Европската банка за обнова и развој.