МАКЕДОНИЈА ПРОТИВ ИТАЛИЈА ВО БАРАЖОТ ЗА МУНДИЈАЛОТ Само победа против европскиот првак води кон Катар

Натпреварот ќе се одигра во Италија на 24 март следната година.

805

Македонската фудбалска репрезентација ќе игра против Италија, во полуфиналето од плеј-оф баражот за пласман на Светското првенство 2022 во Катар.

Натпреварот ќе се одигра во Италија на 24 март следната година.






Така одлучи денешната ждрепка во Цирих.

Ако го мине полуфиналето, односно ако го победи европскиот првак Италија, Македонија во финалето ќе игра со подобриот од пресметката меѓу Португалија и Турција.

Плејофот се игра според нов систем, кој се состои од три групи со по четири селекции. Полуфиналињата се закажани за 24 март 2022 година, а финалните дуели се пет дена подоцна, кога ќе се добијат и патниците на Мундијалот.

Од Европа, директен пласман на Светското првенство обезбедија Германија, Данска, Франција, Белгија, Хрватска, Шпанија, Србија, Англија, Швајцарија и Холандија.

Поврзани содржини