МАКЕДОНИЈА ОСТАНА БЕЗ ЕВРОВИЗИСКО ФИНАЛЕ Еве кои земји ќе настапат во сабота (ФОТО)

Првото полуфинале на Евровизија беше на 10 мај, кога настапија 18 земји, а во финалето се пласираа претставниците на Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.

1,098

Македонија повторно нема да има претставник во големото финале на Евровизија.

Нашата Андреа Коевска вечерва настапи на евровизиската сцена во Торино како единаесета со песната „Circles“ во рамките на втората полуфинална вечер.






Но за жал, нејзиниот настап нема да го видиме во сабота на големата евровизиска сцена бидејќи Македонија повторно не се пласираше во финалето.

Од вечерашното полуфинале влегуваат во финалето Финска, Србија, Азербејџан, Австралија, Ирска, Романија, Полска, Белгија, Шведска и Чешка.

Првото полуфинале на Евровизија беше на 10 мај, кога настапија 18 земји, а во финалето се пласираа претставниците на Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.

Поврзани содржини