Македонија нема да набавува „Спутник“ од Србија, сме имале доволно вакцини

Нам во овој момент не ни треба нарачка на вакцини затоа што согласно планот како што е димензиниран и сите досегашни договори имаме обезбедено 2 милиони и 600.000 вакцини, истакна министерот за здравство.

1,076

Нема да нарачуваме дополнителни дози вакцини од Институтот за вирусологија и серуми „Торлак“ во Србија, каде што се произведува руската вакцина Спутник, бидејќи веќе се обезбедени 2 милиони и 600.000 дози. Ова денеска го кажа министерот за здравство, Венко Филипче, и додаде дека веќе имал состанок со директорката на „Торлак“, која укажала на нивните можности и планови.

– Нам во овој момент не ни треба нарачка на вакцини затоа што согласно планот како што е димензиниран и сите досегашни договори имаме обезбедено 2 милиони и 600.000  вакцини. По 800.0000 вакцини треба да стасаат преку системот Ковакс и директниот договор со „Фајзер“, потоа по 200.000 руски и кинески вакцини, 100.000 вакцини кои треба да дојдат како помош од системот на солидарност преку Европската Унија и 500.000 вакцини на Синовак кои треба да стасаат во мај. Тука процесот е заокружен – рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање по посетата на пунктот за вакцинирање во салата Борис Трајковски.






Тој посочи дека веќе имал состанок со директорката на „Торлак“, која укажала на нивните можности и планови.

– Ни кажаа дека покрај тоа што приоритет ќе им биде нивната земја и граѓани, приоритет ќе бидат и соседните земји на Србија што сметам дека е добра политика. „Торлак“ е единствената  фабрика во светот на фармацијата во регионот која има можност за стерилно производство на тие ампули во пакување како вакцините. Нема ниту една друга компанија која тоа може да го направи – рече Филипче.

Поврзани содржини