МАКЕДОНИЈА НЕ Е ПРЕДМЕТ НА БУГАРСКИ ИСТОРИСКИ ДИКТАТ Остра реакција од СПМ на изјавите на Јотова

Наместо историски претензии и политичко туторство, потребно е почитување на македонскиот народ, неговиот јазик, култура, идентитет и историско паметење – се вели во реакцијата на Социјалистичката партија на Македонија на изјавите на бугарската претседателка Јотова.

0

Со најостро несогласување ја отфрламе изјавата на бугарската претседателка Илијана Јотова дека Македонија и Бугарија имаат „заедничка историја“ и дека Софија ќе продолжи да се „грижи“ за Бугарите во Македонија, наведува Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) во реакција на изјавите на бугарската претседателка.

„Македонската историја има свој континуитет и свој развој и не може денес да биде прекројувана според бугарски национални претензии. Македонија има свој историски, духовен и културен континуитет и свое национално паметење. Таа е древно средиште на европската цивилизација и не може нејзиното минато да се толкува исклучиво низ политичките матрици на соседните држави.






Историските допири меѓу народите не значат и заедничка национална историја. Особено не може денес ретроспективно да се наметнуваат современи национални категории врз векови македонска историја, а политичките процеси на бугарско национално наметнување и асимилација да се претставуваат како „заедничка историја“.

Наместо историски претензии и политичко туторство, потребно е почитување на македонскиот народ, неговиот јазик, култура, идентитет и историско паметење.

И на крајот, за оние што намерно го забораваат историскиот факт: АСНОМ е темелот на современата македонска државност, извојуван низ четиригодишната антифашистичка и ослободителна борба на македонскиот народ, вклучително и против бугарската фашистичка окупациска власт. Тој историски факт јасно сведочи дека македонската државност не е туѓ проект, туку резултат на сопствена борба, сопствена политичка волја и сопствено државотворно право.

Европа не се гради со присвојување туѓа историја, туку со почитување на различностите. Тука почнува и тука завршува секој обид Македонија да се преобликува според туѓи историски и политички матрици. Македонија не е ничиј историски проект. Македонија има своја историја. Македонија е своја“ – се вели во соопштението на Социјалистичка партија на Македонија.

ЈОТОВА ВЕТИ „БОРБА ЗА ПРАВАТА НА БУГАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА“ Провокативни пораки од прослава во Бугарија

Поврзани содржини