📷 МАКЕДОНИЈА ИМА СВЕТСКА ШАМПИОНКА ВО КИК-БОКС Марија Димовска го освои златото во Будимпешта

Во големото финале нашата натпреварувачка со резултат 2:1 во лоу кик (млади јуниорки, – 60 кг.) триумфираше против Мија Лијамичев од Израел.

943

Македонската кик-боксерка Марија Димовска освои златен медал на Светското првенство за кадети и јуниори во Будимпешта, Унгарија.

Во големото финале нашата натпреварувачка со резултат 2:1 во лоу кик (млади јуниорки, – 60 кг.) триумфираше против Мија Лијамичев од Израел.






Претходно во полуфиналето Димовска славеше и против Јелена Стојановиќ од Босна и Херцеговина со 3:0.

На ова Светско првенство учествуваат 2.256 спортисти со над 3.092 натпреварувачки влезови од 68 држави.

Поврзани содржини