„МАКЕДОНИЈА ИМА МНОГУ ПРОБЛЕМИ, НО НИЕ СМЕ ТУКА ЗА ДА ГИ РЕШИМЕ“ Мицкоски им честиташе повисоки пензии на пензионерите

Премиерот Мицкоски нагласи дека со ова е исполнето ветувањето за линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари на повеќе од 300.000 пензионери.

528

Мицкоски со одлична вест за пензионерите: Денеска започнува исплатата на повисоки пензии за 2.500 денари, со тоа го испорачавме нашето ветување за повисоки пензии од 5.000 денари

„Напорната работа носи резултати. Имам одлична вест за сите пензионери. Од денес започнува исплатата на повисоки пензии за 2.500 денари. Со тоа го испорачавме нашето ветување за повисоки пензии од 5.000 денари”.






Ова им го порача претседателот на Владата Христијан Мицкоски на пензионерите во денешното обраќање.

Премиерот Мицкоски нагласи дека со ова е исполнето ветувањето за линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари на повеќе од 300.000 пензионери.

– Повеќе од 300.000 пензионери ќе имаат повисоки пензии за 5.000 денари. Да, Македонија има многу проблеми. Да, проблеми има во секој дел од општеството, но затоа сме ние тука да ги решаваме проблемите и со решавање на проблемите Македонија ќе биде повторно горда, а на овој начин Македонија ќе биде повторно ваша. Нека е со среќа повисоки пензии, долговечно да ги користите, со многу радост, љубов и среќа во вашите семејства – вели премиерот Мицкоски.

Поврзани содржини