📷 МАКЕДОНИЈА ИМА ЕВРОПСКА ШАМПИОНКА ВО ММА Даниела Алексовска се закити со злато во Белград
Македонската воинка во финалето во категоријата до 52,2 килограми ја совлада светската вицешампионка Анастасија Хородовска од Украина.
По Марко Трајановски, сега и Даниела Алексовска ѝ донесе златен медал на Македонија на Европското јуниорско првенство во ММА што се одржува од 14 до 23 февруари во Белград.
Македонската воинка во финалето во категоријата до 52,2 килограми ја совлада светската вицешампионка Анастасија Хородовска од Украина.
Претходно, во полуфиналето Алексовска беше подобра и од Израелката Розмарин Рути.